сабота, 27 јули 2024
На средба со членови на Судско-медиумскиот совет

Георгиев, кој раководи со Судскиот совет, вети дека ќе ги врати камерите на седниците

Објавено на

часот

Сподели

Новинарите, членови на Судско-медиумскиот совет укажале дека од суштинско значење е да се обезбеди присуство на камерите со цел изворно да бидат пренесувани седниците на ова тело, кое избира, унапредува и разрешува судии.

Георгиев ветил дека навремено ќе објавуваат соопштенија за јавноста од седниците и дека моментално работат на ангажирање лице за односи со јавност во Судскиот совет.

„Во таа насока, од членовите на Судско-медиумскиот совет на Георгиев му беа пренесени заложбите за ангажирање лица за односи со јавност во четирите апелациски судови, кои би споделувале информации за судовите кои се под надлежност на конкретното апелациско подрајче“, се вели во соопштението од средбата со Георгиев на која биле присутни судиите Иван Џолев и Емилија Шопар и новинарите Михаела Димовска и Зоран Јаневски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ