сабота, 27 јули 2024
Изјава дадена на телевизиска емисија

Георгиев кој раководи со Судскиот совет, ќе ги повика на разговор претходничките Дамева и Црвенковска

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето на новинарот  дали Советот  е претворен во експозитура на партиски, политички и бизнис интереси, Георгиев категорично одговори дека ниту имал, ниту дозволил влијанија, ниту пак, имал понуда за влијанија, се вели во информацијата на службата за односи со јавноста на Судскиот совет за содржината на интервјуто дадено во емисијата.

„Претседателот на Судскиот совет испрати и јасна порака до судиите и членовите на ова тело,  доколку некој се обиде да врши влијание врз нив веднаш да го пријават тоа и се обврза дека ќе преземе соодветни мерки пред надлежните институции, а за тоа навремено ќе биде известена и јавноста.

Што се однесува на тврдењата на двете поранешни претседателки за одредени притисоци и влијанија, кои останаа да висат во воздух, тој вети дека во најскоро време ќе ги повика на разговор. ‘Како судија и претседател на Советот ќе најдам начин  да ги заштитам ако имале влијанија. Но, треба да соработуваат’, рече Георгиев“, се вели во информацијата од Судскиот совет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ