сабота, 27 јули 2024

Генералштабот на Украина откри дека на фронтот се случува пекол: Русите напаѓаат од сите страни!

На северот на Украина се водат жестоки битки по ненадејниот руски упад кој започна во петокот. Оттогаш, повеќе од 2.500 лица се евакуирани од регионот Харков, изјави регионалниот гувернер.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили нападнаа вчера во речиси сите сектори на фронтот, евидентирани се 155 конфликти, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Според достапните информации, руските сили досега зазеле шест села во близина на границата, повеќето напади се насочени кон градот Вовчанск, чиј пад значително би го олеснил натамошното продирање на руските сили во североисточниот дел на Украина. Вовчанск синоќа и утрово беше жестоко нападнат со бомби, ракети, артилерија и дронови. Русите буквално го претвораат градот во прав и пепел.

На правецот Харков, руските сили со поддршка на авијацијата извршија 12 напади во областа Стрелечја, Красноје, Мороховец, Олејниково, Лукјанци, Гатише, Плетенјовка, Пиљна, Волчанск и Бугруватка, пренесува Униан.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави за новинарите дека Русија „ќе направи дополнителен напредок во наредните недели во обид да воспостави тампон зона долж украинската граница“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ