сабота, 27 јули 2024

Генералната секретарка на ЕКС ќе дојде во Скопје за да слушне како на ССМ државата ѝ ја одзема зградата

Генералната секретарка на Европската конфедерација на синдикати – ЕКС (ETUC), Естер Линч со нејзиниот стручен тим на почетокот на септември ќе дојде во посета на Сојузот на синдикати на Македонија во врска со актуелните состојби и проблеми со кои се соочува синдикатот, соопштија од ССМ, посочувајќи дека таа особен интерес покажа за судскиот процес во кој државата од синдикатот ја одзема зградата.

Фото; ЕКС - Естер Линч

Објавено на

часот

Сподели

Од ССМ денеска информираа дека посетата ќе се реализира од 1 до 3 септември, а претставниците на ETUC ќе бидат запознати со состојбата и текот на постапките пред надлежните органи во земјата и пред Меѓународниот суд за човекови права за оспорување на незаконитата одлука на Врховниот суд со која во корист на државата е конфискуван Работнички дом, кој е сопственост на работниците и на ССМ повеќе од 70 години.

„ETUC ја изрази својата поддршка на ССМ во врска со одземањето на имотот и се обрати до Делегацијата на ЕУ во државата, амбасадорот Дејвид Гир, како и до  македонскиот амбасадор во Брисел за нивен ангажман во насока на заштита на имотот на синдикатот како една од суштинските претпоставки за слобода на синдикално здружување, организирање и функционирање. Посетата на највисоко ниво на претставници на Европската Конфедерација на Синдикати (ЕТUC) и нивната поддршка на ССМ покажува дека секогаш мора да се обезбеди почитување на синдикалните права, а ова особено во земја како нашата која е во процес на пристапни преговори за членство во Европската Унија“, нагласуваат од ССМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ