Тие, велат познавачите, денес во поголема мера ја изразуваат личноста на домаќините и не се општ безличен симбол на божиќното расположение.
И според продавачите на украси, и младите, а неретко и повозрасните лица, денес ја напуштаат досега вообичаената зелено-црвена атмосфера, користејќи на пример розова и сина боја, или повеќе вештачко крзно и пердуви. Се зголемува понудата на вештачки дрвја, украсени со самовилски светла, венци од вештачки кристали и бисери и панделки коишто повеќе потсетуваат на концерт на Тејлор Свифт отколку на Божиќ.
„На некој начин, празничното украсување за генерацијата зед (лицата од 12 до 27-8 години) е помалку заради традиција, а повеќе за самоизразување. Тоа е нивниот личен став за Божиќ, којшто повторно е тука за топлината и удобноста, но со целосно современ вкус“, изјави дизајнерот Ерик Горансон.
Малопродажните синџири го охрабруваат овој тренд нудејќи и модерни украси чиишто светла и музички ефекти можат, да речеме – да се програмираат и со апликација за мобилен телефон.
И, додека помладите лица обично сакаат помали и повеќе елки, повозрасните од тн. генерација икс (45+ години) вообичаено и доста често сакаат да се придржуваат до обичајот на едно големо дрво во дневната соба. Познавачите велат дека промената кон „понеконвенционални“ празнични украсувања почнала во екот на корона-пандемијата од пред неколку години, кога луѓето беа често затворени дома.