недела, 20 октомври 2024

Геј двојка се вери на врвот на Мавзолејот на Његош на Ловќен: „Црна Гора на која ќе мора да се навикнат“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Снимката од настанот, на која се гледа како едно момче го запросува својот партнер, ја објави улцињската телевизија Теута на Инстаграм.

„Црна Гора на која ќе мора да се навикнат“, пишува во описот на снимката.

Од 2020 година во Црна Гора е законски дозволено склучување истополови бракови. Законот не содржи одредба дека геј лицата можат да посвојуваат деца, но дозволува заедно да се грижат за децата на едниот партнер.

Со законот е предвидено геј лицата да можат да склучуваат бракови, да се наследуваат едни со други, да имаат заеднички имот, право на пензиско и социјално осигурување, посети во болници, заедно да се грижат за децата, но и обврска да се грижат за детето на својот партнер ако нема поблизок роднина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ