Компанијата настојува да продаде 23 бензински пумпи под брендот Газпром, даночен склад во градот Костинброд и 12 парцели, пренесува Сибиз.
Заинтересираните можат да достават понуди до 23 ноември.
Според некои извори наведени во извештајот, ова е првпат Газпром да ангажира инвестициски консултант за да помогне во предложената продажба, иако потенцијалното излегување од бугарскиот пазар е претходно истражено.
Газпромнефт е активен во Бугарија преку НИС петрол, која е главен доставувач на складот во Костинброд. На крајот на септември НИС имал 23 бензински пумпи во Бугарија, што е пад во однос на 34 на почетокот на годината. Во првите девет месеци од оваа година компанијата имала 3,2 отсто учество на пазарот на моторни горива во Бугарија и 2,7 отсто на малопродажниот пазар на горива.
Повеќе од 75 отсто од горивата од локалниот пазар доаѓаат од рафинеријата Лукоил нефтохим Бургас, подружница на европскиот огранок на руската компанија Лукоил.
Бугарија во моментов е единствената членка на Европската Унија која увезува руска поморска сирова нафта според изземањето кое го одобри Европската комисија во 2022 од санкциите наметнати на Русија.
Во септември бугарскиот парламент изгласа обврска на рафинериите да преминат на сирова нафта која не е од Русија до 1 октомври 2024, односно три месеци пред истекувањето на изземањето.