сабота, 19 октомври 2024
Дополнителен мотив за фудбалерите

Газдата на Сити доаѓа во Истанбул, Шеикот Менсур по втор пат во животот ќе ги гледа „граѓаните“ во живо

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити се наметна како фудбалска сила во Англија и Европа откако Абу Даби Јунајтед Груп го купи клубот во 2008 и почна да вложува огромни суми на пари во засилувања. 15 години подоцна, „граѓаните“ се пред историја, не само што прв можат да стигнат до триумф во Лигата на шампиони, сезоната можат да ја завршат со тројна круна.

Финалето во лигата на шампионите против Интер е голем меч, па во Турција ќе пристигне и газдата на клубот, Шеикот Мансур кој иако вложи милијарди, ретко го гледа клубот во живо.

Имено, ова ќе биде само вториот пат како тој од трибините го гледа Манчестер Сити, последниот пат беше дури во 2010, кога Манчестер Сити со 3-0 го совлада Ливерпул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ