недела, 27 октомври 2024

Гатузо доби отказ од Марсеј по помалку од шест месеци работа

Џенарот Гатузо не издржа ни една цела сезона на клупата на Марсеј, клубот денеска му даде отказ поради слабите резултати.

Објавено на

часот

Сподели

Италијанскиот стратег кон крајот на септември беше назначен за нов тренер на Марсеј, работата му траеше до денеска.

Марсеј на последните шест меча во Лига 1 немаше победа, тимот е на деветтото место на табелата. Вчерашниот пораз од Брест ја прели чашата на раководството кое се реши за промени.

Гатузо од денеска е слободен тренер и може да си бара нов ангажман. Отпуштен е и целиот негов стручен штаб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ