петок, 26 јули 2024
Серија А

Гати трагичар, Интер го доби „Дербито на Италија“ и избега на +4 (ВИДЕО)

Интер славеше во пресметката со Јувентус со минимални 1-0, автоголот на Гати го реши „Дербито на Италија“.

Објавено на

часот

Сподели

Интер избега на +4 на врвот на табелата откако вечерва го победи Јувентус во „Дербито на Италија“ со 1-0.

Гати е трагичар на натпреварот, дефанзивецот си ја затресе сопствената мрежа во 37. минута од мечот и ги донесе „нероаѕурите“ во предност.

Интер во продолжението имаше неколку добри прилики, Чалханоглу ја погоди стативата, а Шчесни со одлични интевенции ги спречи обидите на Барела и Арнаутовиќ, особено беше импресивна втората кога се најде очи во очи со напаѓачот на пет метри.

Јувентус исто така имаше шанси да избегне пораз, Гати можеше да се искупи, но неговиот удар од работ на шеснаесетникот заврши крај голот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ