четврток, 26 декември 2024

Гаши за католички Божиќ повика на верска толеранција, соживот и заедништво

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод големиот христијански празник – Божиќ до сите граѓани од католичка вероисповед.

Објавено на

часот

Сподели

„Во духот на најголемиот христијански празник, Божиќ, ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам срдечни честитки, како и најискрени желби за здравје, среќа и благосостојба. Божиќ е празник на мирот, љубовта и надежта, кој ги обединува луѓето во споделување на хуманите вредности во духот на меѓусебна почит и разбирање. Нека овие празнични денови донесат радост и спокој во срцата на сите католички верници во нашата држава“, напиша Гаши.

Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, како што наведува, упатувам желби и надеж за јакнењето на верската толеранција, соживотот и заедништвото во нашето општество.

„Нека светлината на Божиќ го осветли патот на сите граѓани кон поубава иднина исполнета со разбирање, љубов и заеднички успех. Среќен Божиќ!“, напиша Гаши во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ