петок, 26 јули 2024

Гаши: Собранието ќе биде во служба на граѓаните

Јован Митрески на Африм Гаши попладнево му ја примопредаде функцијата претседател а Собранието и му честита за изборот. Им благодарам на сите граѓани што гласаа на изборите и на сите пратеници што ме поддржаа. Лично ќе се погрижам Собранието да го подигнам на повисоко ниво, да биде во служба на сите граѓани, изјави Гаши, кој попладнево со 76 гласа за беше избран за претеседател на македонското Собрание.

Објавено на

часот

Сподели

Тој најави соработка со, како што рече, сите политички партии.

„Најбитно е да ги зацврстиме инститиуциите, да зрееме како држава и како институиции“, потенцира Гаши.

Митрески му посака успех во работата на Гаши.

„На најдемократски начин сакам да ја испочитувам волјата на мнозинството предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието и воедно да му честитам. Му посакувам успех во работата и нему и на Собранието во целина, вклучувајќи ги сите пратеници. Собранието во демократска земја е една од најважните и најважна институција во која се одвиваат сите значајни процеси за државата. Затоа е многу битно и во следниот период да продолжи да јакне неговата независност, да јакне неговиот контролен механизам, транспарентноста. Само на тој начин ќе продолжиме да ја врќаме довербата на граѓаните во законодавниот дом“, истакна Митрески.

Тој им заблагодари за досегашната соработка на собраниските служби, за нивната посветеност и професионалност, а благодарност искажа и до медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ