сабота, 27 јули 2024
Лидерот на Алтернатива во ТВ гостување

Гаши: Раздели па владеј, беше максимата на ДУИ, но мина тоа време, Вреди ќе освои 20 пратеници

Коалицијата Вреди ќе освои 20 пратеници зашто мина времето на ДУИ која досега владееше со поделби на противниците, изјави за МТВ2 Африм Гаши, лидер на Алтернатива која е дел од коалицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата Вреди има знаење и мудрост како и храброст да донесе промени и тие не се од никого диригирани, туку се глас и волја на сите Албанци, рече Гаши.

„Ние ја поминавме таа фаза кога главна беше Партијата за демократски просперитет – ПДП, потоа и Демократската партија на Албанците – ДПА. За жал, со текот на времето ДУИ и ПДА имаа договор да се борат против секој трет субјект што ќе се појавеше на сцената. Покрај немањето потребна зрелост, друг важен фактор е желбата или намерата или напорот на Али Ахмети да не се занимава со решавање на проблемите на Албанците, туку повеќе се занимаваше со поделба на противниците“, изјави Гаши, додавајќи дека практично, преку максимата „раздели па владеј“ ДУИ останала на власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ