понеделник, 21 октомври 2024

Гаши по неуспешната интерпелација за неговата работа: Надвладеа разумот

По неприфаќањето на интерпелацијата поднесена од Левица, претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на својот фејсбук-профил им се заблагодари на сите пратеници кои вечерва му дале поддршка.  Гаши во објавата посочува дека вечерва уште еднаш разумот надвладеал над предрасудите и пропагандата.

Објавено на

часот

Сподели

„Им се заблагодарувам на сите пратеници кои учествуваа на оваа интерпелација, кои дискутираа и реплицираа и кои со нивниот слободен и демократски глас дадоа одговор на оваа интерпелација. Им се заблагодарувам од срце и на сите други кои денес ја дадоа нивната поддршка на каков било начин. Продолжуваме со истата посветеност кон задачата“, напиша Гаши на Фејсбук.

Собранието со 21 гласа „за“ и 72 „против“, без ниту еден воздржан, синоќа не ја прифати интерпелацијата за претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Против интерпелацијата гласаа пратениците од парламентарното мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Поддршка дадоа иницијаторите Левица и СДСМ. Пратениците на ДУИ не беа присутни во салата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ