петок, 1 март 2024
Од интервју на лидерот на Алтернатива

Гаши: Партиите на Албанците треба да се здружат и ДУИ да ја пратат во опозиција

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ треба да оди во опозиција. Мора да се здружиме за да ја реализираме оваа цел. Тоа што го зборувам не е незначајно. Комуницираме меѓу себе и ќе видиме како ќе се одвива процесот“, рече Гаши.

Запрашан конкретно за „огнената“ фракцијата во ДУИ, Гаши рече дека има комуникација со истакнатиот член на групата Изет Меџит.

„Да, и Движењето Беса, и ‘огнените’ кои не ја завршила битката во ДУИ, а доколку решат да направат партија…важно е сите Албанци да се здружиме во интерес на албанскиот народ и да ја поразиме ДУИ во март следната година, кога веројатно ќе имаме избори“, додаде Гаши.

Тој потенцира дека Алтернатива не поставува никакви услови за соработка со другите партии за остварување на оваа цел.

Гаши рече дека Алтернатива без оглед на односите со СДСМ, ќе гласа за уставните измени, зашто „безусловно е за добробит на граѓаните“. Што се однесува до коалицирање лидерот на Алтернатива нагласи дека нема да коалицира со партии кои се против уставните измени, односно, како што додаде, кои се против европската агенда на Македонија. 

Според Гаши, првиот тест треба да биде гласањето за потребата од уставни измени за што во Собранието исто така се потребни 80 гласови.

„Ако тоа, на пример, не помине во мај или наскоро, тогаш треба да се оди на предвремени избори“, рече Гаши

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ