сабота, 27 јули 2024

Гаши и бугарскиот амбасадор Ангелов разговараа за унапредување на соработката

Односите меѓу двете земји и унапредување на соработката на сите полиња беа главните теми на денешниот разговор меѓу Африм Гаши, претседателот на Собранието на Македонија и амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов.

Објавено на

часот

Сподели

Честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Гаши, амбасадорот Ангелов се осврна на претстојните парламентарни избори во Бугарија, како и на изборите за Европскиот парламент. Тој изрази уверување дека новоизбраните парламенти во Македонија и во Бугарија ќе воспостават добра и интензивна комуникација, посебно преку  парламентарните групи за соработка.

Двајцата соговорници се согласија дека е потребно постојано да се унапредува климата на односите меѓу Македонија и Бугарија, како соседни земји кои се упатени на постојана соработка.

Соговорниците, исто така, разменија мислења и за соработката меѓу двете земји во рамките  на НАТО, како и за ЕУ-перспективите на нашата земја во наредниот период, соопшти македонското Собрание.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ