понеделник, 21 октомври 2024

Гаши: Добро би било ако може секој пратеник според своето убедување да се изјасни за интерпелацијата

Добро би било, и јас тоа го посакувам, ако секој пратеник се изјасни според сопственото убедување за интерпелацијата за мојата работа која утре е на дневен ред на Собранието, изјави вечерва претседатеот на Собранието на Македонија, Африм Гаши. Тој ги повика и пратениците од коалицијата Вреди со чиста совест и според лично убедување да се произнесат при гласањето за интерпелацијата. Тоа е и суштината на демократијата, нагласи Гаши.

Објавено на

часот

Сподели

Гаши во интервју за ТВ Сител рече дека не ги прекршил на каков било начин своите овластувања и додаде дека најчесно и најодговорно ја врши својата работа како што знае. Пратениците нека кажат дали така ја извршувам функцијата или не, истакна Гаши.

„Интерпелацијата е демократска алатка, овозможува да даваме отчет пред пратениците и пред граѓаните. Ќе ја почитувам секој одлука што ќе ја донесе Собранието. Убаво е сите да имаме различни мислења и токму тоа е суштината на демократијата, а би било лошо да има едноумие, систем што го поминале. Ќе образложам сè како што беше, имам мирна душа и чиста совест дека со ништо не сум ја  предизвикал хистеријата во јавноста. Во интерпелацијата, практично, нема ништо дека се прекршени принципите во работењето на Собранието или дека се скратени права на некој пратеник или пратеничка група, туку се однесува на тривијални теми како за некои медиуми кои сакаат лајкови и коментари на социјалните мрежи“, рече Гаши.

За инцидентот со неговото обезбедување на Меѓународниот аеродром во Скопје во случајот со претседателката на Косово посочи дека тој го испратил обезбедувањето како претходница бидејќи планирал и самиот да оди таму зашто имал информации дека може да се случи инцидент и сакал да ја смири ситуацијата.

За патувањето на неговото семејство на веселба во Косово вели дека било уредно најавено.

„Не е точно дека границата е помината без контрола. Сите контроли се поминати како што е по закон. Го известив моето обезбедување и сите органи на државата и МВР и МНР. Два- три дена претходно сите податоци и сите пасоши беа скенирани и испратени таму. Нема ништо спорно“, посочи Гаши.

За намерата на Уставниот суд да отвори претставката за утврдување на уставноста на Законот за употреба на јазиците вели дека е убеден оти Законот е базиран на амандман на Уставот што е внесен уште во 2001 година и дека нема ништо спорно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ