Иако нема официјална потврда, голем број на извори пренесуваат дека Ал Наср му „удрил клоца“ на Руди Гарсија.
Тренерот ја изгубил соблекувалната по ремито против Ал Фејха, имал расправија со дел од фудбалерите, помеѓу кои и првата ѕвезда Кристијано Роналдо.
Португалецот не бил задоволен од работата на стратегот, односно сметал дека Руди Гарсија не го вади најдоброто од тимот и имал многу замерки за играта.
Според пишувањата на АС, Ал Наср сега размислува да го ангажира Жозе Мурињо и ќе се обиде да го примами „специјалниот“ со богата понуда.
Жозе Мурињо ќе добие рекорден предлог, односно 100 милиони евра за двегодишна соработка, и можност да стане најплатениот тренер во светот на фудбалот.