сабота, 27 јули 2024

Гардијан: Во војната против Хамас, војската користи американско оружје од магацините во Израел

Во Израел има оружје во вредност од милијарди долари, кое ѝ припаѓа на американската влада, објави денеска британски Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Не се знае точната локација на многубројните добро чувани магацини, долго време обвиткани во тајност и за кои малку се знаеше, а сега е во центарот на вниманието додека се зголемува притисокот врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден поради нејзината поддршка за израелското бомбардирање на Газа.

Залихите потекнуваат од 1980-тите и се наменети за брзо вооружување на американските сили во секој иден конфликт на Блискиот Исток.

Израел сега се чини дека добива оружје од тие залихи во значителни количeства за да го користи во Газа против Хамас, но нема транспарентност околу трансферот од арсеналот, забележуваат новинарите на Гардијан.

Во интервјуа за весникот, неколку поранешни американски функционери, кои се запознаени со деталите на американската безбедносна помош за Израел, рекоа дека испораките овозможуваат брз трансфер до Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Освен тоа, движењето на американското оружје се крие од јавноста, како и од надзорот на американскиот Конгрес, велат изворите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ