сабота, 27 јули 2024

Гардијан: Српската полиција соблекла мигранти по долна облека и по студот ги „турнала“ во Македонија

Британскиот весник Гардијан објави на својот сајт снимка од група мажи во долна облека, како по студот во колона во мракот одат по пат. Според британскиот весник, станува збор за мигранти на кои српската полиција им ја соблекла облеката и ги натерала да се вратат назад во Македонија. За истиот случај јави Н1 кон средината на февруари, но српската полиција тогаш не одговорила на прашања за наводниот инцидент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гардијан наведува дека не можел независно да ја потврди содржината на двете снимки, а дека до нив дошол преку невладината организација Легис од Македонија. Според тврдењата на оваа организација, снимките биле направени кај селото Лојане во близина на границата со Србија и биле предадени на таа организација на 10 февруари.

Британскиот весник ги пренесува тврдењата на Легис, според кои тој ден се случиле две „деградирачки враќања“, во кои повеќе од 50 луѓе биле приморани да се соблечат голи или во долна облека и да се вратат во Македонија, од каде нелегално влегле на територијата на Србија.

Легис тврди дека нивниот персонал успеал да разговара со еден од мажите од снимките, кој кажал дека станува збор за Сиријци.

Јасмин Реџепи, претседателот на Легис, за Гардијан кажал дека „вознемирувачкото и понижувачко“ враќање се случило набрзо по самитот на Европската Унија и Србија за гранична соработка, кој беше одржан со цел јакнење на српската граница против шверцот на луѓе.

„Овие инциденти се случиле додека ЕУ подготвувала рестрикции за мигрантите на рутата, и во овој случај само неколку дена по самитот на ЕУ и Србија. Тогаш го видовме директното влијание и последиците“, кажал Реџепи.

Гардијан пишува дека српската полиција не одговорила на прашањето да го искоментира случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ