четврток, 26 декември 2024

Гардијан се повлекува од социјалната мрежа Икс: „Платформата стана токсична“

Британскиот весник Гардијан реши да го згасне својот официјален профил на платформата Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да ги известиме читателите дека повеќе нема да објавуваме на ниту еден официјален уреднички профил на Гардијан на сајтот на социјални медиуми Икс (претходно Твитер). Мислиме дека предностите на присуството на Икс се сега помалку од негативните страни и дека ресурсите би можеле подобро да се искористат за промоција на нашето новинарство на други места. Ова е нешто за што размислуваме веќе некое време имајќи ги предвид често вознемирувачките содржини кои се промовираат или наоѓаат на платформата, вклучувајќи екстремно десничарски теории на заговор и расизам“, соопшти Гардијан.

Според нив, „кампањата за претседателските избори во САД послужи само да го подвлече она што долго го мислевме: дека Икс е токсична платформа и дека нејзиниот сопственик Илон Маск успеа да го искористи своето влијание за да го обликува политичкиот дискурс“.

Корисниците на Икс и понатаму ќе можат да споделуваат написи на Гардијан, а природата на известувањето за вестите во живо значи дека Гардијан повремено ќе вклучува содржини од Икс во своите страници со написи, се додава.

„Нашите репортери исто така ќе можат да продолжат да ја користат платформата за собирање вести, како што ги користат и другите социјални мрежи на кои ние официјално не учествуваме“, се наведува на сајтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ