сабота, 27 јули 2024
Реакција на градоначалникот на ДУИ

Ганиу: Обвинувањата кон Чаир нема да го сокријат криминалот на ДУИ

Градоначалникот на Чаир, некогашниот „огнен“ интегративец, а сега еден од водачите на Демократско движење, Висар Ганиу, реагира на соопштението на ДУИ во кое беше изразен сомнеж за криминални јавни набавки во Општината во висина од речиси 16 милиони евра. „Очекувано е да ги ставите на тапет сите оние кои мислат поинаку, но тоа нема да ви помогне да си ги сокриете сите коруптивни скандали и гревовите кои му ги направивте на албанскиот народ“, реагира Ганиу и нагласува дека од ДУИ апострофираната компанија Бауер БГ, од актуелната власт само годинава има добиено тендери вредни 20 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

„Во актуелната 2023 година од актуелната Влада таа фирма има добиено тендер во вредност од 6.5 милиони евра. Од Министерство за Образование и Наука истата компанија има добиено тендер во вредност од скоро 2 милиона евра, додека од Министерство за животна средина над 1 милион евра, од Агенцијата за храна и ветеринарство над 8 милиони евра, од Министерството за труд и социјална политика 2 милиони евра, севкупно околу 20 милиони евра“, нагласува Ганиу.

Ги повикуваме сите релевантни институции да го истражат овој случај, вели градоначалникот понатаму, и ќе се потврди дека и средствата во Општина Чаир се наменски доделени од Владата, која, како што може да се заклучи, редовно склучувала договори со гореспоменатата компанија.

„Инсистираме истражувањето од компететните институции да продолжи и во сите други институции раководени од ДУИ, особено во Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците со кое раководи Артан Груби како и во Државна лотарија со која што раководи десната рака на Груби“ наведува Ганиу.

Градоначалникот заклучува дека зад соопштението на ДУИ се крие паниката од извесниот пораз на парламентарните избори и одговорноста, вели, што ќе ја понесат сите лица вклучени во валкани бизниси и во коцкарски зделки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ