среда, 19 март 2025

Ганчев: Кога слушнав дека сум умрел, си ставив една ракија

Во бугарскиот фудбал се случи бизарна ситуација која го опколи и светот, на мечот меѓу Арда и Левски имаше минута молк за поранешен фудбалер кој мислеле дека е мртов, а тој бил жив.

Објавено на

часот

Сподели

На социјалните мрежи во Бугарија и некои медиуми се појавила вест дека поранешниот фудбалер Петко Ганчев е мртов, па на мечот меѓу Арда и Левски имаше минута молчење.

Таквата вест набрзо беше негирата, па неговиот поранешен клуб му се извинуваше. Сега со изјава се јави и самиот Ганчев.

„Доцнев дома на договореното гледање на натпреварот околу десетина минути. Додека возев кон дома, телефонот одеднаш почна да ми ѕвони и ѕвони. Кога пристигнав дома сопругата ме дочека во солзи викаше: „Петко, Петко… на телевизија објавија дека си починал“. Не можев да разберам за што се работи. Подоцна пријателите ми раскажаа. Навистина е стресно кога ќе ве погребаат жив. Се случуваат чудни работи, навистина не беше лесно. Можеби се појавиле гласини, но таква вест да објавиш пред целата бугарска јавност… Ме бараа многу луѓе, пријатели, роднини, познаници… Не беше пријатно, но на крај испадна добра. Кога ја слушнав таа тажна вест си наточив и чаша ракија“, раскажа Ганчев како ја доживеал целата ситуација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ