недела, 20 октомври 2024

Ганц: Нетанјаху ја лажеше јавноста, нема да ги врати заложниците дома

Лидерот на партијата Национално единство, Бени Ганц, го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го попречувал склучувањето на договорот за заложници за време на војната и дека првенствено се грижи за својот политички опстанок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ганц изјави дека Нетанјаху ја лажел јавноста кога во понеделникот изјавил дека одржувањето воено присуство во т.н. Филаделфиски коридор треба да биде адут во постигнувањето договор за заложниците со Хамас.

„Тој нема да ги врати заложниците дома, нема вистински да го заштити јужниот излез, нема да ги врати жителите на северот во своите домови, нема да го спречи Иран да добие нуклеарно оружје“, рече Ганц, пренесува Тајмс оф Израел.

Ганц додаде дека не е изненаден, бидејќи, како што тврди, во воениот кабинет Нетанјаху постојано стоел на патот на напредокот кон договорите за заложниците, вклучувајќи го и договорот што траеше една недела, а кој беше постигнат во ноември.

Тој истакна дека Нетанјаху одбил брзото и безбедно враќање на жителите во северен Израел да биде цел на војната.

„Не ме изненадува бидејќи Нетанјаху е фокусиран на политички опстанок и им штети на нашите стратешки врски со Соединетите Американски Држави, додека Иран се движи кон нуклеарно оружје. Мора да ги вратиме заложниците и по многу висока цена“, рече Ганц.

Нетанјаху во понеделникот рече дека Израел е „многу блиску“ до воено расформирање на Хамас.

„Но, сепак треба да му ја одземеме способноста да владее. Тоа значи дека треба да најдеме алтернатива за сите или за значителен дел од дистрибуцијата на хуманитарна помош. Сега работиме на тоа и ќе го постигнеме“, рече израелскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ