Во април, Кристоф Галтие беше обвинет дeка упатил дискриминаторски, расистички и исламофобични коментари додека работел во Ница.
Стратегот категорично го негираше ова, но полицијата отвори истрага, прибираше информации и докази изминативе два месеци по што утрово реши да го приведе Кристоф Галтие и неговиот син.
Се уште актуелниот тренер на ПСЖ е на распит, ќе даде изјава и ќе се соочи со доказите во случајот. Полицијата има рок од 24 часа да одлучи дали ќе го пушти на слобода или ќе го задржи зад решетки.