петок, 18 октомври 2024
Завршува авантурата на Аргентинецот во ПСЖ

Галтие потврди дека Меси заминува: Ми беше привилегија и чест да го тренирам најдобриот фудбалер во историјата

Објавено на

часот

Сподели

Кристоф Галтие го потврди она што се пишуваше во последните месеци, Лео Меси ја завршува авантурата во Париз, напаѓачот заминнува од ПСЖ по две сезони.

„Ми беше привилегија и чест да го тренирам најдобриот фудбалер во историјата. Во сабота е неговиот последен натпревар на „Паркот на принцовите“, се надевам ќе биде топло поздравен“ – рече тренерот на ПСЖ на денешната прес конференција.

Лео Меси често добива критики за малиот успехот кој го постигна во Париз, но Кристоф Галтие смета дека замерките не се на место.

„Оваа сезона беше Меси важен дел од тимот, секогаш беше на располагање. Мислам дека коментарите и критиките не се оправдани“.

„Со 35 години, кога во сред сезона имате Светско првенство, тој има 21 погодок и 20 асистенции… Лео беше одлучувачки 41 пат оваа сезона“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ