По продажбата на Милан, Силвио Берлускони остана во светот на фудбалот и ја купи Монца. Проектот му го довдели на човек од доверба, Адриано Галијани стана генерален извршен директор.
Двајцата синоќа беа во Пиза и гледаа како Монца испишува историја и со триумф од 3-4, за прв пат во своето 110-годишно постоење ќе игра во Серија А.
„Прекрасна вечер, се боревме цела сезона и забележавме историски успех. Во својата 110-годишна историја, Монца никогаш не била во Серија А и денеска успеавме да избориме пласман. Ова е пракрасно остварување“ – вели Силвио Берлускони.
Тој потоа со насмевка на лицето додаде: „Сега целта е да ја освоиме Серија А, да играме во Лигата на шампиони и да ја освоиме Лигата на шампиони“.
Адриано Галијани, кој е роден во Монца и како дете навивал за овој тим, вели: „Ми се оствари сонот, навистина сум среќен и возбуден. Како дете доаѓав на стадион да го гледам овој тим“.
„Милан-Монца ќе биде нешто посебно за мене. Моите деца веќе ми кажаа дека мораме да го победиме Интер“.