„Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден. Дополнително, во Галичник веќе трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод во Галичник нема ниту електрична енергија. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе, сопственици на имот во Галичник имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап. Се надеваме на соодветна и навремена реакција на надлежните институции“, се наведува во објавата на месната заедница Галичник.
Галичник трета недела е отсечен од патиштата, од денеска таму нема ниту струја
Упатуваме апел до надлежни институции Македонија пат, Општина Маврово и Ростуше, како и Јавното претпријатие за Државни патишта да се овозможи пристап до Галичник кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација, пишува во апелот на граѓаните објавен на фејсбук страницата на месната заедница Галичник. Дополнително, денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод Галичник остана и без струја.
Објавено на
часот