Алкалоид првпат во својата историја ќе игра финале од Купот на Македонија, пехарот ќе го крене нов клуб, Вардар не успеа да го одбрани.
Херој на Алкалоид е младиот голман Галевски кој во последната секунда му одбрани пенал на Срдановиќ по што почна радоста за големиот успех.
Текот на мечот беше неизвесен, Алкалоид беше во водство во поголемиот дел од мечот и на крајот заслужено дојде до победата, но впечаток е дека и ако Вардар се најдеше таму немаше да биде незаслужено.
Серафимов со седум гола беше прв стрелец на Алкалоид, Бинго постигна шест, во составот на Вардар Јасихура и Срдановиќ постигнаа по пет погодоци. Томовски имаше 11 одбрани.
Финалето меѓу Алкалоид и Пелистер се игра во недела од 19:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.