сабота, 19 октомври 2024

Галетановски: Затворена е скопската зоолошка градина, пронајден е вирусот „птичји грип“

Смртоносниот вирус „птичји грип“ е најден во зоолошка градина Скопје, објави поранешниот директор, Ѓорѓи Галетановски. Од утрово ЗОО Скопје е затворена за посетители.

Објавено на

часот

Сподели

И советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков на својот фејсбук-профил објави детали за ова: „Скопје ЗОО од утрово е затворена за посетители! Истото тоа е по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство под сомнение за опасни вируси! Во моментов инспектори и доктори по ветерина се внатре со скафандери и работат на утврдувањето. Повеќе детали официјално чекаме од АХВ и Град Скопје“.

Засега нема официјално соопштение од Скопје ЗОО дали ваквите наводи кои се споделуваат на социјалните мрежи се точни.

Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ