ГАЛЕРИЈА
Знаменитостите во Националниот парк Маврово
За да се гради каков било објект во национален парк, покрај вообичаените дозволи, мора да има и согласност за изградба и од управата на националниот парк и од Министерството за заштита на животна средина. Долго време го следиме проблемот со бетонизацијата во Општина Маврово Ростуше, особено на територијата околу Мавровското Езеро. Гледајќи ги овие фотографии тешко е да се поверува дека сите овие објекти добиле позитивно мислење од Националниот парк Маврово и од Министерството за екологија. За дел од нив знаеме дека ја немаат таа согласност. За друг објект знаеме дека добиле дозвола за градба на 33 индивидуални куќи, вили, но кој може да биде виновен кога некој тие 33 дозволи ги споил во едно и изградил 5 огромни згради. „Уживајте“ во фотографиите од новите знаменитости на Маврово.