ГАЛЕРИЈА
„Жени, живот, слобода“: од осмомартовскиот марш
Во Скопје денеска, освен прославите на Денот на жената, се организираше и марш за да се потсети на проблемите што секојдневно ги имаат жените во земјава: колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед – насилство, фемициди, секојдневни социјални и здравствени неправди и економска несигурност... „0 мртви и претепани девојчиња - ова е мојата црвена линија“, „Платен домашен труд“, „Не преговарам за моите права“, се само некои од слоганите што можеа да се видат денес.Фото: Роберт Атанасовски