ГАЛЕРИЈА
Заврши Скопје тату шоу 2023
Викендов се одржа првата интернационална конвенција за тетовирање во Скопје. Првото „Скопје тату шоу 2023“ покажа колку посетителите се заинтересирани за тату индустријата. На „Skopje Tattoo Show 2023“ присуствуваа над 50 интернационални и балкански артисти кои ја покажаа уметноста со бои во различни техники и стилови. Натпреварувачите се натпреваруваа во повеќе категории и во двата дена беа прогласени победниците во соодветните категории. Победници од првиот ден беа: Дамјан Клинчаров најдобар во категоријата мала тетоважа, најдобар во заздравена тетоважа беше Срѓан Цетник и најдобра за првиот ден беше Јоана Фаферко. Вториот ден се доделија награди за најдобра црно-бела тетоважа која замина кај Зоран Трајковски, најдобар во колор тетоважа беше Никола Стефановиќ, најдобар на денот беше Дамјан Клинчаров и наградата за најдобра тетоважа на конвенцијата ја доби Влатко Здравков.