ГАЛЕРИЈА
Запалени свеќи за Фросина, и за сите други жртви на убијците со автомобил
Мирен собир на граѓани е во тек на булеварот „Партизански одреди“, кај Силбо, во Скопје. Таму завчера беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Се палат свеќи и се искажува револтот од негрижата и корумпираноста на македонското правосудство. Ова не е сообраќајка, ова е убиство, пишува на една од пораките на насобраните, главно млади луѓе. „Живееме во општество каде што возењето под дејство на алкохол е целосно нормализирано – време е да кажеме 'Доста е!'“, пишуваше на прогласот за денешниот протест. Протест се одржува и во Неготино.
Фото:
Роберт Атанасовски


















