среда, 5 февруари 2025

ГАЛЕРИЈА

Водици во Битуше

И годинава во Битуше, во Општината Маврово-Ростуше, Водици-Богојавление се прослави на посебен уникатен начин. Ваквото празнување на Водици во 2019 година е прогласено за културно наследство од исклучително значење. Главни ликови на оваа прослава се жените – кумстарки, облечени во оригинални и богати народни носии, некои стари повеќе од сто години. Со таблите на глава со домашен леб, кумстарките одат во поворка низ селото до црквата и пеат водичарски песни за здравје и благодат. Во минатото мажите главно биле на печалба, а жените останувале и ги одржувале домовите и семејствата. Со пеењето песни, жените им посакувале здравје на мажите гурбетчии. Јовановото оро и годинава се одигра во дворот на црквата „Свети Архангел Михаил“. Лебот се остави во селскиот културен дом, а таму мажите ги сечат лебовите и се подготвува храната. Жените ручаат први, а потоа мажите.
Фото:
Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Водици во Битуше

НАЈНОВИ ВЕСТИ