вторник, 13 јануари 2026

ГАЛЕРИЈА

Вевчанскиот карневал со сатирични маски го стави светот под нозе

На дефилето под маски, што денеска се случи на Вевчанскиот карневал, покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Августи, на сатиричен начин вевчанци ги прикажаа мигрантската криза, состојбата во судството, политичката состојба во државата, војната во Украина, запирањето пари и нафта од американскиот претседател Трамп за Куба… Големо внимание привлече групната маска во кампањата за локалните избори на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, како и кампањата на движењето ЗНАМ. Не беа заборавени ниту претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп, инвестициите во Дубаи, виртуелната министерка во албанската влада, а во Вевчани „дојде“ и „Шареното племе“ од Африка да го избрка злото…
Фото:
Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Бадникова поворка во целата држава

НАЈНОВИ ВЕСТИ