ГАЛЕРИЈА
Велики петок – со молитва во тишина за страдањата на Спасителот
Велики петок е еден од најтажните, но и најсвети денови во христијанството, денот кога преку својата жртва, Исус Христос ја покажа најдлабоката љубов и простување. Уште е наречен и „распет петок“, а се смета за најтешкиот празник во христијанскиот свет, ден посветен на молитва и тишина, кога се слави тајната на Крстот и страдањата на Спасителот. Луѓето се собираат на црковни служби, ја бакнуваат иконата на Распнатиот Христос и се молат за мир, прошка и надеж. Утринава голем број верници, го посетија Соборниот храм.
Фото:
Роберт Атанасовски
















