ГАЛЕРИЈА
Tрет протестен марш во Скопје
Во организација на граѓанското движење Кој е следен денеска, се одржа третиот протестен марш на кој граѓаните бараа правда за 22-годишната Фросина Кулакова, младата модна дизајнерка од Неготино која животот го загуби откако беше прегазена на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје додека преминувала пешачки премин. Протестниот марш започна пред Универзална сала, каде што беше прегазена младата Фросина, потоа продолжи пред Владата, па пред Собранието и заврши пред Апелациониот суд во Скопје, каде граѓаните со пароли „Ние сме гласот на Фросина“, „Не чекајте катастрофа, дејствувајте сега“, „Валкани пари – смртни последици“, „Најстрога казна за сторителот на убиството на Фросина“, испратија порака да се стави крај на неказнивоста и селективната правда.
Фото:
Роберт Атанасовски












