ГАЛЕРИЈА
Струмичка вековна карневалска традиција
Синоќа низ струмичките улици уште еднаш кулминираше вековната карневалска традиција со Интернационалното карневалско дефиле на кое продефилираа 35 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство кои повеќе од три часови дефилираа, танцуваа, играа и ги промовира своите карневалски креации. Традиционално први настапија струмичките мажоретки, а за кусо време адреналинот го кренаа загрепските, едни од најдобрите во светот.
Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат и денеска, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот Детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.
Фото:
Роберт Атанасовски


















