петок, 13 декември 2024

ГАЛЕРИЈА

Статуафест во центарот на Скопје

Деновиве по улиците на Скопје беше поинаку. Се одржа уличниот фестивал „Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”. Три дена Скопје заличи на метропола, беше поубаво и посреќно место. Фестивалот по осми пат ги донесе артистите кои долж улица Македонија секое попладне раскажуваа различни приказни за времето, луѓето и прекинати врски. „Се надевам дека Скопје на културната мапа го ставаме со сите суперлативи. Задоволен сум од причина што фестивалот, пред се, секоја година е различен, односно разработува нова тема и си поставува за цел темата да му биде инспирација за создавање на актови кои самите ги продуцираме. И засега, можам да кажам дека сме на добар пат. Секоја година сме се покреативни и поиновативни“, вели Војо Цветaновски, организатор на фестивалот.
Фото:
Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Почна ски-сезоната во Маврово

НАЈНОВИ ВЕСТИ