среда, 5 февруари 2025

ГАЛЕРИЈА

Со палење на маските заврши Вевчанскиот карневал

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал. Василичарските друштва од Горна и Долна маала ги посетија сите куќи чиј домаќин го носи името на Свети Василиј. Потоа, според преданијата, симболично го избркаа злото и со желба за здравје и бериќет ја дочекаа Новата година, по Јулијанскиот календар. Вевчанци и годинава ја покажаа својата смисла за хумор, исмејувајќи ги општествените и политички случувања минатата година, а на удар секогаш се и носителите на јавни и политички функции.
Фото:
Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Водици во Битуше

НАЈНОВИ ВЕСТИ