ГАЛЕРИЈА
Прв автомото-рели натпревар на историски возила
Во рамки на авто - мото рели шампионатот на историски возила на Македонија кој се спроведува во рамките на годинешните планирани активности на Националната федерација на историски возила на Македонија, викендов се одржа првиот авто - мото рели натпревар на историски возила, Македонија - Исток.
На релито се возеа три етапи: Скопје - Свети Николе, Свети Николе - Радовиш и Радовиш - Струмица. Историските возила беа распоредени во 2 категории и 5 класи според годината на нивното производство, кубикажата на нивниот мотор и нивните технички карактеристики. Со своите возила настапија 27 натпреварувачи, членови на 8 клубови на историски (олдтајмер) возила од државата. Организатор на овој авто - мото рели натпревар беше Клубот на историски возила VM Classis од Скопје, а беше помогнат и одржан во соработка со oпштините Центар, Радовиш, Струмица, Демир Капија и Градско.














