ГАЛЕРИЈА
Протестен марш на семејствата на настраданите во Кочани
Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Учесниците на маршот го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија. Со едноминутен молк пред Полициската станица граѓаните го искажаа незадоволството од ненавременото постапување за да се спречи катастрофата, а потоа пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство побараа информации за досегашната истражна постапка. „Бараме отчет за сработеното“, беше единствената гласна порака што ја извикуваа пред Обвинителството.
Фото:
Роберт Атанасовски









