ГАЛЕРИЈА
Протест пред Град Скопје, се бараат нови автобуси и нови автобуски линии
На протестот што денеска се одржа пред канцелариите на Градот Скопје, граѓаните, жители на Шуто Оризари, средношколци и студенти го изразија своето незадоволство во однос на состојбата со јавниот превоз. Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, потенцираше дека оваа општина е оставена без јавен превоз, додека студентите и средношколците испратија апел да се набават нови автобуси и да се пуштат нови автобуски линии.
Фото:
Роберт Атанасовски