ГАЛЕРИЈА
Протест на студентите
Со свирежи, транспаренти и „црвени картони“ студентите денеска се собраа на булеварот пред Министерството за образование и наука во знак на незадоволство од, како што велат, ефикасноста на министерството бидејќи не ги почитува роковите за исплата на стипендиите и на други субвенции. Студентите бараат промена на самиот систем и најавија дека следниот ќе им биде иницијатива за воспоставување календар на активности на кои МОН ќе треба да се придржи и да има навремена исплата на сите студентски мерки. Ќе се бара и промена во Законот за студентски стандард.
Фото:
Роберт Атанасовски