ГАЛЕРИЈА
Продолжува борбата со огнената стихија во Македонија
Илјадници и илјадници хектари шума досега изгореа во Македонија. Статистиката за бројот на пожари, за исфрлените тони вода, за бројот на пожарникари, и домашни и странци, за бројот на прелети и на македонските и на странските воздухоплови... речиси е веќе и невозможно да се среди. И пак не стивнува. Се зголемува и бројот на фатени подметнувачи на пожарите, на дрвокрадците по опожарените планини... Па белким не им беше тоа целта за подметнување на пожарите - да продадат по некој кубик дрво за 50 евра. Колку ли милиони евра ќе треба сега да се потрошат да се вратиме на претходната состојба, да зазелени Серта, да зазелени Илинска Планина, да заживее Тажево, Брезница...