ГАЛЕРИЈА
Прекрасниот Сичуан во Скопје
„Културна Кина - прекрасниот Сичуан“ - програма на гала вечера по повод Кинеската нова година. По Охрид и Битола, вчера и публиката во Скопје во Националниот театар го виде овој спектакл. Сичуанската оперска трупа и Струковниот универзитет за уметности Ченгду деновите го збогатија македонско-кинеското пријателтво. Сичуанската оперска трупа од 2006 година настапувала во Франција, Швајцарија, Обединетото Кралство, Германија, Италија, Бугарија и Србија. Нека светлината на културата го осветли патот на взаемното разбирање меѓу цивилизациите, за заеднички да создадеме посветла иднина каде што различните нации и цивилизации на оваа планета хармонично коегзистираат, секоја цветајќи во својот уникатен сјај, порачаа годтите од Кина. Претставата ќе биде изведена и денеска во Националниот театр во Скопје.



























