четврток, 13 февруари 2025

ГАЛЕРИЈА

На Вевчанскиот карневал се појави Груби, Мијалков, Мицкоски делеше црвени картони…

На фудбалскиот натпревар на Артан Груби и неговиот тим од ДУИ премиерот Христијан Мицкоски делеше црвени картони. Тука некаде беше и Сашо Мијалков со неговото „ферари“. Бугарскиот администратор се обидуваше да воведе ред меѓу традиционалните маски со оркестарот, зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи... Ова беa само дел од маските на годинашниот Вевчански карневал. Вевчанци побараа и враќање на старото уставно име Република Македонија на личните документи. Забавата беше збогатена со „Вевчанско вече“ како и карактеристични маски со чудовишта, принцези, снежни кралици, новогодишни елки… Манифестацијата завршува утре вечер со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.
Фото:
Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Водици во Битуше

НАЈНОВИ ВЕСТИ