среда, 4 декември 2024

ГАЛЕРИЈА

МКД.мк на отворањето на Филмскиот фестивал во Кан

Вчера и официјално беше отворен Филмскиот фестивал во Кан со традиционалното излегување на црвениот тепих на славните личности пред раскошниот „Grand Theatre Lumiere“. На актерката Мерил Стрип ѝ беше врачена почесната Златна палма. Публиката со овации ја поздрави добитничката на почесната награда Мерил Стрип, а на сцената ѝ посака добредојде на француската актерка Жилиет Бинош. „Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во филмскиот свет. Ни дадовте нова слика за нас самите“, рече Бинош. „Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице“, рече Мерил Стрип. Таа ја доби почесната Златна палма на церемонијата на отворањето на 77-от Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“, сопштија организаторите. Годинешното издание на Канскиот фестивал ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Мерил Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма се во официјалната конкуренција за Златна палма. Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма ќе добијат и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно студиото „Gibli“ на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.
Фото:
Луна Китановска

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Скопската чаршија и наесен привлечна (ФОТОГАЛЕРИЈА)

НАЈНОВИ ВЕСТИ