ГАЛЕРИЈА
Минута молк во 2:32 – Кочани се сеќава на жртвите од Пулс
Утрово точно во 2:32 часот во Кочани им беше оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“. Граѓани се собраа на местото на трагедијата и со запалени свеќи и минута молк им оддадоа почит на загинатите. Тивката атмосфера потсети на ноќта што остави длабока трага во градот и земјата. Споменот за жртвите останува жив една година по трагедијата.
Фото:
Роберт Атанасовски



























